Кичевскиот второлигаш Напредок го сака охриѓанецот Драган Бочески назад на клупата. По неочекуваниот пораз во првото коло од продолжението од Локомотива (3-2) досегашниот стратег Баже Лазаревски си поднел оставка.

Тренерот Бочески беше желба на Охрид Лоте, но наместо на клупата на третолигашот тој се одлучи за клупата на репрезентацијата до 19 години.

Бочески на стартот на првенството го предводеше Напредок, но по серијата слаби резултати го напушти Кичево.

М.П.