Градот Ниш и салата “Чаир“ каде ќе настапува селекцијата на Македонија буди незаборавни спомени за сите македонци. Таму четата на Ѕвонко Шундовски и Кирил Лазаров подпомогнати од “македонската фаланга“ стигнаа до историското петто место на континенталниот собир.
Овој пат редот да не израдува и да ни ги стопли срцата во ова ладно и студено време е на женската македонска репрезентација.
Мисијата на ЕП избраничките на Гино Стрезоски ја почнуваат против Франција, а потоа следуваат мечевите со Данска и Шведска.
Македонија може, Македонија сака, напред МАКЕДОНИЈА ! !