Најпознатиот португалски производител на пиво „Саргес“ неодамна на пазарот лансирал пиво со вкус на чоколадо, а за неговата промоција направил интернет страна од право чоколадо. Интернет страната ја направиле со помош на компанија за веб дизајн, како и на слаткарот Виктор Нунез, кој е познат по своите скулптури од чоколадо.


Секој дел од интернет страната, освен шишето пиво било, бил внимателно направен од мајсторите слаткари, а потоа ги фотографирале и ги споиле во вкусна интернет страна. Првиот посетител по стартувањето на страницата на интернет можел да изеде парче од чоколадото, а на куќната адреса му биле испратени шест пакети од новото Саргес пиво со вкус на чоколадо.