Шишето со должина од 4,5 метри содржи неверојатни 1850 литри вино. Било изработено во фабриката Ванг Ченг Вина од градот Лиаонин, Северна Кина. Содржи три пати повеќе вино од претходниот рекордер, австралискиот произведувач на вино Крахер.
Крахер во 2005-та година изработил шише кое собирало 490 литри вино. Портпаролот на кинеската фабрика рекол дека се многу горди и дека вкусот на виното е со висок квалитет. Секој од вработените се напил по една чаша од шишето за да прослават.