Сендвичот долг 48 метри во Мексико бил правен од десетици луѓе. Успеале да го направат најголемиот сендвич во Латинска Америка, а жителите на Венстиано Каранце го правеле од илјадници парчиња леб, салати, лук и уште 60 останати состојки.
Секој дел од сендвичот имал различен вкус. Готвачот Алехандро Пина рекол дека така можеле да дојдат до израз малите произведувачи, кои исто така организирале и тридневна прослава на која очекуваат посетеност од околу 250 илјади луѓе. Минатата година во Мексико бил направен сендвич долг 45 метри.