Реплика на болидот на Ред Бул, која оваа година го управуваше најмладиот светски првак во историјата на Формула 1, Себастијан Ветел, била претставена во еден трговски центар во Бангкок.
Трговскиот центар го претставил болидот изработен исклучиво од лименки на Ред Бул. Делото било претставено во чест на тимот на Ред Бул која оваа година, освен светскиот првак Ветел, бил победник и во категоријата на конструктори. За изработка на репликата на болидот биле потребни вкупно 2615 лименки.