На натпреварот во најубава новогодишна елка изработена од рециклирани материјали, кој се одржал на Тајван, победила една елка направена од пластични лажички. Дрвото високо 12 метри, направевно од 80 илјади лажички, го направиле шест студенти од универзитетот Трансворлд.


Студентката Ву Ксиау-јоу рекла дека на идеја за елката од лажички дошла собирајќи отпад во пицеријата во која работела. Авторите на најдоброто дрво добиле награда од 1000 евра. На натпреварот имало разни новогодишни украси, а меѓу поинтересните биле дрвата направени од компакт дискови и од користена облека.