Тинејџери се уапсени поради скрнавење на леш бидејќи од човечки череп направиле водена лула за пушење на марихуана.

Полицијата го испитувала Кевин Џонс (17) поради измама со кредитни картички. Тогаш признал дека тој и Метју Гонзалес (17) ископале гроб покрај Хјустон (Тексас, САД) и му го извадиле черепот од лешот.


– Само можеме да нагаѓаме што се случувало во криминалните умови – рекол полицискиот портпарол Џон Чомиак кога го прашале зошто Џонс признал нешто за што воопшто не го испрашувале.

Во гробот бил покоен 11 годишник кој умрел во 1921 година.