Ванеса Сталбум и фотографот Марко Степниак за прв пат се запознале во воз. На своето прво заедничко патување исто така отишле со воз, па дури и своите деца сакаат да ги крстат по ликови од сликовница со возови. Но нивната љубов кон возовите не завршува тука, па одлучиле да направат куќа од вагони.
За 20 илјади евра купиле два вагони кои зад себе имале поминати два милиони километри. Вагоните ги обоиле и ги поставиле на шини. Вагоните стојат паралелно а ги споиле со цврста градба за да бидат компактни. Долги се 27, широки 2,65 а високи околу 4 метри. Во куќата меѓу вагоните ќе биде дневната соба, а во вагоните ќе направат трпезарија, соба за гости, бања и спална соба. Во нив веќе вградиле подни греење, како и вода и струја.