Најголемиот производител на кубански пури ја направил „Хулиета“, специјално дизајнирана пура за жени. „Хулиета“ е помала и поблага верзија на оригиналната кубанска пура, и тоа е обид да се надминат предрасудите дека пурите можат да се прават само од јак тутун и дека се наменети само за мажи.


Најсилната причина за оваа иновација е големиот пад на продажбата, поготово во Шпанија, која е најголемиот пазар за кубански пури. Затоа производителите се свртеле кон жените, кои чинат 7 проценти од нивните потрошувачи. Тутунот се пушел уште во времето на цивилизацијата на маите, кои први ги откриле неговите тајни.