Вработените во еден ресторан во Њу Хемпшир, САД го направиле најголемото ќофте на светот и поставиле нов светски рекорд. Метју Митницки, сопственик на италијанскиот ресторан Нони во градот Конкорд, рекол дека неговиот тим направил ќофте тешко 101 килограм додавајќи дека со тоа влегле во гинисовата книга на рекорди.


Според пропозициите огромното ќофте мора да биде направено од истите состојки кои се користат и за оние со нормална големина. Исто така мора да биде вкусно за јадење. По прогласувањето на рекордот, Митницки го подарил ќофтето на добротворната кујна која им го сервирала на бездомниците.