Жителите на шведскиот град Вастерас по повод Велигден направиле статуа на Исус од лего коцки. Четириесет верници на протестантската црква работеле полни 18 месеци и употребиле 30 000 коцки за статуата висока 1,8 метри, која го прикажува Исус со раширени раце.


Статуата била откриена на свечена миса, а присутните биле воодушевени и непрекинато ја допирале. Бискупот изјавил дека ова е копија на данската статуа која е изложена во Копенхаген. Тој додал и дека биле користени бели коцки, освен за внатрешноста на статуата каде биле употребувани и коцки во боја.