Компанијата „World’s Finest Chocolate“ го соборила гинисовиот рекорд и го направила најголемото чоколадо на светот. Големото чоколадо тежи 5454 килограми. Високо било 91 сантиметар и долго 6,4 метри. Директорот на компанијата изјавил дека чоколадото го направиле бидејќи се обврзале да ги образуваат семејствата за правилната исхрана, нејзината количина и телесните активности.
Во изработката на чоколадото искористиле 545 килограми бадем, 2500 килограми шекер, 900 килграми млеко во прав, 770 килограми какао и 630 килограми чоколаден ликер. Чоколадото ќе ги посетува училиштата во склоп на кампањата „Размислувај обемно и јади паметно“. Еден од демонстраторите на камапањата изјавил дека кога на децата им објаснувате колку е важна правилната прехрана, мора да им дадете нешто како подобро би ја запомниле пораката.