Големата фабрика за бомбони и чоколади во Ереван, Ерменија го направила најголемото чоколадо на светот. Чоколадото било тешко 4410 килограми, долго 5,6 метри и широко 2,7 метри. Елизабет Смит, претставничката од Гинисовата книга на рекорди, на сопствениците на фабриката им врачила службен сертификат за време на свеченоста.


Сопственичката на фабриката, Карен Варданјан свечено ја скинала лентата од чоколадото, а истакнала дека ја направиле по повод десет годишнината од постоењето на фабриката. Големото чоколадо ќе биде разделено наредниот месец.