Со рециклирање на суровините, како што се пластичните шишиња, можеме да го смалиме загадувањето на океаните, била пораката на екипажот на бродот “Пластика“. Бродот во саботата испловил од Калифорнија на тримесечно патување преку Тихиот Океан. Крајната дестинација е Сиднеј во Австралија.


Бродот е направен од пластични шишиња. Биле потребни дури 12500 шишиња. На пат со конструкторот тргнале уште пет членови на екипажот. Идејата за изработка на бродот датирала уште од пред четири години, откако бил објавен извештајот на Обединетите Нации за загаденоста на светските океани.