Тројца браќа од едно албанско село станале европска сензација откако направиле болид од камен. Браќата кои се занимаваат со обработка на камен го започнале овој проект како подарок за еден нивни роднина, а истиот се претворил во вистинско откритие во една од најсиромавите земји во Европа во која има голем број обожаватели на Формула 1.


На идеја дошле кога нивниот роднина почнал да бара нешто необично што би можел да го изложи во својата продавница за автомобилски делови. Додека го уредувале болидот во последниве три месеци мештаните доаѓале да ги гледаат како работат, а многу од нив се сомневале во резултатот. Каросеријата е изработена од црвен мермер. Стаклата, ауспухот и цевката за гориво се изработени од црн, а гумите од темно зелен камен.