Британците во саботата го претставиле „Карпачино“, автомобилот кој наместо класично гориво користи кафе. Трошоците на овој автомобил се за 25 до 50 пати поголеми отколку кај обичното гориво. Процениле дека може да вози околу пет километри со еден килограм гориво, или отприлика 56 еспреса на секои 1,6 километри.


Ќе вози од Лондон до Манчестер, на патот долг 337 километри, а за гориво ќе користи само кафе во зрна. Автомобилот ќе биде изложен на саем во Манчестер каде ќе се обидат да докажат дека автомобилите можат да се движат и на други горива освен на нафтени деривати. Патувањето ќе трае 10 часа. Не е важно кој вид е кафето, но тоа мора да биде суво и  немелно.