Американката Селина Аронс од Јужна Флорида доживеала шок кога и стигнала сметката за мобилен телефон во износ од 201 илјада американски долари. Се воспоставило дека не станувало збор за никаква грешка. Селина имала двајца глувонеми браќа кои комуницираат по пат на смс пораки, а ги користеле своите телефони да гледаат видео спотови. Тоа вообичаено не и претставувало никаков посебен трошок.
Меѓутоа, нејзините браќа, неодамна престојувале во Канада, каде користејќи роаминг, испратиле повеќе од 2000 пораки и симнале поголема количина видео материјал. Кога телефонската компанија T Mobile ја известила дека сметката е исправна, несреќната жена својата приказна ја раскажала на една локална телевизиска станица во Мајами, која подоцна соопштила дека од T Mobile се согласиле сметката да ја намалат на 2500 долари и и дале рок од шест месеци истата да ја плати.