Дизајнерката Керин Емануел, која прави кондури од кожа на крастави жаби, рекла дека тие се грди и отровни, па со својата работа ја чува околината. Ги претвара жабите во нешто убаво и корисно. Австралијанката од Мелбурн вели дека кожата им е слична на змиската.
Иако е неценета, скапа е поради преголемиот труд кој треба да се вложи за еден пар кондури. За еден пар штикли потребна е кожа од шест жаби, а кондурите се нудат во две бои со потпетица од 10 сантиметри. Чинат околу 300 евра, а во продажба ќе бидат од наредната седмица.