Лаура Хедланд направила портрет на својата свекрва Сандра Вајтфилд од дури 600 леба. Лаура работи во еден музеј, а во правењето на портретот и помогнале 40 пријатели. Користеле девет тостери и 9852 парчиња леб за да ја добијат одредената боја на посебни температури.
Кога го изработиле портретот истиот бил долг 12,6 метри а широк 9,6 метри. Го изложиле во Ворингтон во Велика Британија, родниот град на Сандра. Поставиле и нов светски рекорд во најголем мозаик направен од леб.