Аргентинскиот уметник Марта Минухин во Буенос Аирес ја отворила таканаречената „Вавилонска кула од книги“, направена од 30 илјади книги напишани на разни светски јазици. Импресивната уметничка инсталација била подигната на централниот плоштад Сан Мартин, по повод прогласувањето на Буенос Аирес за светска престолнина на книгата според Унеско.


Книгите кои ја прекриваат спиралната структура на кулата висока 25 метри, се подарок од 25 странски амбасади, но и од самите граѓани на Буенос Аирес. Оваа необична кула ќе биде отворена до 28 мај кога ќе биде размонтирана. Во таа прилика помал дел од книгите ќе биде поделен на посетителите, додека останатите ќе се најдат на полиците на новата повеќејазична библиотека во Буенос Аирес.