Студент по уметност се запишал во Гинисовата книга на рекорди со тостер кој ги фрла тостовите преку 2,6 метри во висина. Фреди Јанер (26) од Лондон го постави светскиот рекорд, прв од ваков вид, за време на изложбата на кралскиот универизтет на уметност.
Рекордот го потврдил член на Гинисовата книга на рекорди, кој бил присутен за да сведочи за обидот. Уметникот во тостерот користел систем од јаглерод диоксид под притисок и механички удар за да го појача скокот на печениот леб.
– Сите мои дела се сатирички делови кои во сржта имаат озбилна задача, – рекол Фреди.
Уметникот е во стална потрага по уреди и необични работи на кои им дава поголема функција отколку што им е нивната намена.
Свесен е дека ваков тостер апсолутно не е потребен. На изложбата студентите изложиле повеќе од 200 дизајнерски креации.