Еден човек од Палос Вердес Естатес во Калифорнија направил топка тешка 80 килограми со пречник од 1,5 метри од искористени гуми за жвакање. Рекол дека е потполно свесен како голем број од луѓето се згрозени од неговото хоби, но тоа не го правело помалку горд на своето постигнување. Пред 15 години одлучил да престане да пуши, недолго пред раѓањето на неговиот син. Поради тоа почнал да жвака никотински гуми за жвакање.
Во 2006 година, кога бил на аеродром со својата ќерка се нашол во незавидна ситуација. Изел голем број гуми за жвакање, но немал каде да ги стави, па направил топче. И така се почнало, како шега која подоцна прераснала во опсесија. Со тек на време собрал повеќе од 95 илјади гуми за жвакање, а потоа ги омекнал во својата сауна и од нив ја направил најголемата топка на светот.