Американецот Тед Естарија знаел дека овој месец ќе добие малку повисока сметка за мобилен затоа што телефонот го користел неговиот син за сурфање на интернет. Меѓутоа не очекувал дека сметката ќе изнесува 22 илјади долари.


Наводно неговиот син спуштил 1,4 милиони килобајти податоци. Бесниот татко се обратил на фирмата Version која го разгледала случајот. Со оглед на тоа што не станувало збор за грешка мора да ја плати сметката. Не е познато како го казнил својот син.