Американскиот готвач Даниел Ангерер започнал да прави сирење од млекото на својата сопруга, бидејќи по породувањето имала премногу. Бил љубопитен и сакал да открие дали може да се направи прехрамбен производ од човечкото млеко. Направил сирење и се воодушевил до прекрасниот вкус. Необичното сирење го ставил во понудата во ресторанот во Њу Јорк каде што работел.


Го сервира како прилог на луксузните јадења. Рекол дека нивното дете има доволно мајчино млеко кое го чуваат во ладилник. На својот блог нуди и рецепти за специјалитети со кои може да се сервира сирењето направено од мајчино млеко. Некои мислат дека неговиот специјалитет е одвратен, додека други мислат дека идејата е одлична. Го поттикнуваат од мајчиното млеко да направи и сладолед.