За своето уметничко дело Крис Труман купувал по 40 илјади живи мрави за 400 евра. Ги убивал и од нив го правел своето уметничко дело. Истото го продал на една американска компанија за 27 илјади евра. Истата комапнија поседува цела колекција на чудни и несекојдневни уметнички дела.
Тој изјавил дека не му било сеедно што убил толку инсекти, но едноставно предизвикот бил преголем. Изградбата на портретот траела со години. Идејата ја добил уште како дете, кога со својот брат биле нападнати и изгризени од мрави.