Готвачкиот дует Сем Бомпаси Хери Пар, денот на палачинките го прославиле со правење палачинка која свети во мрак. За палачинката ги оставиле и сите потребни состојки како и рецептот. Нивниот производ го испробал британскиот новинар Том Сајкс.
Во смесата за палачинката ја додале и хемикалијата Луциферин, која е дериват на состојката поради која медузите светат во длабочините на океаните. Хемикалијата ја помешале со сладок сируп. Одвоено измешале малку алкохол со каталитички ензими. Смесата ја ставиле во сирупот со Луциферин и добиле светлечка палачинка. Новинарот ја пробал палачинката и заклучил дека е прекрасна.