Водоинсталатерот Колин Фурз два месеци го составувал најдолгиот мотор на светот за да го сруши рекордот. Неговиот 14-метарски мотор вози со 50 километри на час, а го составил од два Хонда Скај мопеди кои ги поврзал со алуминиум.
Доста е тежок и тешко се контролира, а за вртење се потребни околу шест ленти од автопат. Го возел моторот сто метри и снимката ја испратил во Гинис. Сега ја чека нивната потврда дека го срушил досегашниот рекорд кој го држел мотор долг 9,6 метри.