Дека пластичните шишиња не значат секогаш и ѓубре, докажал Алфредо Санта Круз, кој од нив направил куќа во Пуерто Игуаца во Аргентина. Откако во 2001 година аргентинската економија доживеала пад, Алфредо пребарувал по ѓубрето за да може да преживее. Тогаш сватил дека пластиката е стабилна и цврста и почнал да ја гради куќата. За првата куќа потрошил 24 илјади шишиња, но не запрел тука, туку продолжил со своите експерименти.
Освен куќи денес гради и мебел. Како би го намалил ризикот од пожар и би ја направил куќата постабилна, шишињата ги полнел со песок или вода. Својата уметност за изградба на еко куќите ја преточил во курс, кој бил бесплатен за сите оние кои сакале да научат. До сега курсот го завршиле повеќе од 20 илјади лица. Целта му била да ги научи сите бездомници да си направат сопствен дом.