Еден студент по уметност на Токискиот универзитет направил спектакуларен модел на град, користејќи само нож, лепило и хартија. Започнал да работи на моделот бидејќи му било здодевно. Го нарекол замок на океанот.


По изложбата во Токио на која ќе го претстави своето дело тој ќе го запали. Вели дека му е мило оти луѓето ќе го видат неговото дело и дека ни самиот не може да поверува како успеал тоа да го направи. Вели дека кога работи на некој проект е многу приврзан, а кога ќе го заврши го губи интересот. Планира да го запали и се да сними со камера.