Мервин Кинкед од Лисбурн е првиот човек кој го поминал Ирското Море во када. Сам изградил необичен чамец и 19 наутички милји од Донагади до Портпатрик ги преминал за осум часа. Во кадата започнала да му влегува вода на три милји пред целта, но успешно допловил до Шкотска пред да падне мрак.
Рекол дека се почнало како шега, а кога успеал се чувствувал како звезда. Додал дека му е драго што неговото патување завршило успешно, а рекол дека би размислил за нова авантура.