Еден 47-годишен Италијанец, верувале или не, за само 11 минути успеал да направи 15 прекршоци, возејќи се кон истокот на Швајцарија. Надлежните органи најпрвин го забележале човекот, кога со неговиот џип поминал покрај неозначениот полициски автомобил со брзина од 160 километри на час.

Возел премногу блиску до другите автомобили и ја игнорирал полицијата во обидот да го запрат, најпрво со знакот СТОП, а потоа и со светлата и сирените. Полицијата вели дека тој поминал низ зона на градба со 140 километри на час, речиси двапати повеќе од пропишаната брзина, пред да биде запрен.

Полицијата му ја одзела возачката дозвола и го испратила на тестирање на лекови и дроги, а во полицискиот извештај се наведува дека за 11 минути успеал 15 пати да направи прекршок.

Ф.К.