Британецот Џејми Каминг со 13 љубовници направил 15 деца. Сега неговата мајка преку англиските медиуми јавно го молела да престане да прави деца и да ја преземе одговорноста за своите дела. Таа рекла дека невработениот Џејми треба да најде работа пред да се породи неговата сегашна девојка, која има 19 години, и дека е крајно време да почне да им плаќа алиментација на жените на кои им направил деца.
Изјавила дека го сакала Џејми и сите нејзини внуци, но и дека било крајно време да престане да прави деца. Џејми досега имал многу краткорочни запослувања како бармен и како обезбедување, но ниедна од работите не успеал да ја задржи. На својата мајка прв пат и соопштил дека ќе стане татко кога имал 17 години. Неговата мајка одржува контакт со сите внучиња, но е посрамотена што нејзиниот син не плаќа алиментација за ниту едно од нив.