Црква направена од снег и мраз, во германскиот град Минтерфирмиансројт, била отворена после точно еден век откако првата црква од снег била изградена на истото место. Оваа црква во баварското гратче близу границата со Чешка, која била направена од 1400 кубни метри снег, од претходната била подолга за 20 метри и имала кула.

Структурата била осветлена со сино светло и била отворена со благослов на свештеникот Дино Кајетан Штајнебеицер. Тој рекол дека верниците во ова гратче ја направиле црквата, бидејќи немале ниту една друга да се молат.