Напорите за заштита на охридската пастрмка, што се преземаат од институциите од македонска страна, ќе бидат залудни доколку Албанија подеднакво не се заложи за заштита на овој загрозен вид ендемична риба. Ова го изјави Зоран Спиркоски – експерт за салмонидни риби при Хидробиолошкиот институт од Охрид на првиот ден од уловот на пастрмка за потребите на вештачкиот мрест.


Зоран Спиркоски

 „Во Албанија како што сме информирани од наши извори, се ловат пастрмки стари само 2-3 години со што автоматски се уништува подмладокот на пастрмката“, вели Спиркоски.


Спиркоски упати апел до надлежните во Македонија и Албанија конечно да седнат и да го решат проблемот, а пастрмката подеднакво да  се штити од двете страни на езерото.


Хидробиолошкиот институт вчера го започна уловот за потребите на вештачкиот мрест на пастрмката што ќе трае до 20 март.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски