Наполи ги договори условите за позајмица за играчот од средниот ред на Тотенхем, Тангуј Ндомбеле, објави новинарот Фабрицио Романо.

Италијанскиот клуб ќе плати еден милион евра за позајмица на 25-годишниот Французин и ќе го исплати најголемиот дел од неговата плата. Исто така, Наполи ќе има право да го купи играчот во јуни 2023 година за 30 милиони евра.

Ндомбеле ќе биде замена за Фабијан Руиз, кој наскоро од Наполи ќе се пресели во Пари Сен-Жермен.

Во втората половина од сезоната 2021/22, Ндомбеле играше за Лион како позајмен од Тотенхем Хотспур, постигнувајќи еден гол и две асистенции на 15 натпревари за францускиот тим.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра.

OhridNews