Победа 3-0 и три бодови за Јувентус, пораз и минус бод за Наполи е одлуката на Спортскиот суд во Италија за не одиграниот дерби натпревар помеѓу Јувентус – Наполи во рамките од „Калчо“ лигата.

Наполи не само што не го одигра мечот со Јувентус, туку и не отпатува во Торино, поради забрана од локалните власти после дијагностицирање на позитивни случаи на коронавирусот.

„Азурите“ се надеваа на позитивен исход и одложување на средбата, но Спротскиот суд во Италија пронајде прекршувања на правилата на Серија А и пресуди во корист на Јувентус.

Од Наполи најавија жалба до Спортскиот суд во Лозана

За потсетување помеѓу заразените фудбалери со ковид -19 беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

OhridNews