Екипата на Наполи го совлада вечерва Јувентус со 2-1 (0-1) во дербито на 3. коло во Серија А, во кое македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетниот состав на домаќините и го одигра првото полувреме.

Наполи дојде до третата последователна победа во новата сезона во италијанското првенства со два гола во вториот дел, откако Јувентус поведе преку Алваро Мората во 9 минута.

Резултатскиот пресврт го најави Матео Политано во 56 минута, а победата на домаќините им ја донесе Калиду Кулибали во 85 минута.

По три одиграни кола Наполи има максимален ефект од 3 победи, додека Јувентус се уште нема забележано триумф во новото првенство и има скор од едно реми и два порараза.

OhridNews