Екипата на македонскиот интернационалец Горан Пандев, Наполи неочекувано ремизираше на домашен терен со Торино играјќи 1-1.


Домаќините поведоа уште во шестата минута со голот на уругваецот Едисон Кавани. Минималната предност “азурите“ ја чуваа до 92-та минута. Левиот бек Ароника погреши и го проигра напаѓачот на гостите Сансоне, кој непогрешлив и донесе бод за тимот на Торино.


Резултати : Наполи – Торино 1-1, Пескара – Парма 2-0, Фиорентина – Каљари 4-1, Сампдорија – Аталанта 1-2, Болоња – Удинезе 1-1, Катанија – Лацио 4-0, Сиена – Џенова 1-0, Рома – Палермо.

Мх.П.