Екипата на Наполи ги комплетираше полуфиналистите во Купот на Италија. „Азурите“ прогрес во топ 4 обезбедија со триумфот на домашен терен против Специја 4-2 (4-0). Во полуфиналниот двомеч, Наполи ќе се сретне со Аталната.

Избраниците на Џенаро Гатузо почнаа фуриозно и постигнаа дури четири голови во противничката мрежата во првиот дел. Четвртиот погодок за Наполи беше дело на Елиф Елмас, кој во манир на голем фудбалер со лоб удар го матираше гостинскиот голман и го скрши мразот во Новата 2021 година. Специја со два голови во второто полувреме го ублажи поразот, кој сепак значеше елиминација.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Интер и Јувентус. Првите мечеви од полуфиналето во Купот на Италија се играат на 3 февруари, а реваншите седум дена подоцна.

OhridNews