Италијанскиот вицепрвак, Наполи експресно ги реши дилемите околу тренерската позиција назначувајќи го Џенаро Гатузо за нов предводник на фудбалерите.

Гатузо на позицијата тренер доаѓа на местото од Карло Анчелоти, кој вчера доцна синоќа доби отказ иако со клубот успеа да го победи Генк и обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на Шампиони.

Легендарниот фудбалер веднаш се фатил за работа. Прво одржал состанок со фудбалерите во соблекувалната, а потоа одработил тренинг и ги започнал подготовките за следниот предизвик.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Гатузо ќе внесе одредени промени со кои ќе врати жарот на Сан Паоло стадионот. Нашиот фудбалер Елиф Елмас веројатно ќе добива поголема минута со оглед дека Гатузо беше фан на офанзивен фудбал.

Анчелоти може многу брзо да се врати во тренерските води, откако Евертон имал сериозна намера да го доведе искусниот стратег со шампионско педигре.

OhridNews