Од следната сезона македонскиот интернационалец Горан Пандев нема биде повеќе член на Наполи пренесуваат италијанските медиуми.

Пандев имал средба со челниците на клубот кои на поранешниот репрезентативец му соопштиле дека е слободен фудбалер и може да бара нов клуб.

Во неколку наврати Пандев истакна дека ако го напушти Наполи нема да замине од „Калчо лигата“.

Тој засега може да избира меѓу Сампдорија, Фиорентина и Рома, која е најблиску до потписот на Пандев.

Тренерот на „азурите“ Рафа Бенитез за прекинувањето на љубовта со Пандев се решил поради далеку помладиот Запата, кој игра на истата позиција.

Мх.П.