Елиф Елмас од Турција се сели во Италија, откако Фенербахче и Наполи ги договорија сите детали за трансфер на македонскиот репрезентативец во легендарната Серија А.

Преговорите помеѓу два клубови беа долги и исцрпувачки, но за среќа на Елмас завршија позитивно и нашиот фудбалер прави голем и значаен чекор во професионалната кариера.

Елмас во теков на денов треба да ги мине потребните медицински прегледи и да ја официјализира соработката која ќе трае најмалку пет сезони.

OhridNews