Дали Наполи е наредната дестинација за макеоднскиот интернационалец Горан Пандев?
Менаџерот на напаѓачот на римски Лацио, Леонардо Корси тврди дека за Пандев досега не е пристигната никаква понуда од некогашниот италијански шампион Наполи.

Во моментов на нашата адреса нема никаква понуда за Горан, ние заедно со преседателот Лотито работиме на решавање на ситуацијата – вели Корси.

Преседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис за Пандев вели :

– Пандев е одличен фудбалер, и ние го посакуваме во нашите редови, но вистинскиот проблем е Лотито, кој се однесува како примадона,  а со примадоните не е лесно.

ohridnews