Со предвремено раскинување на договорот резултатираше соработката помеѓу Наполи и искусниот стручњак Карло Анчелоти. Италијанскиот вицешампион, доцна синоќа, ја лиферуваше информацијата за разделба со Анчелоти кој успеа да го одведе клубот во елиминациската фаза во Лигата на Шампиони после победата над Генк 4-0.

Клубот одлучи да ја заврши соравотката со главниот тренер Карло Анчелоти. Пријателските односи и почитувањето помеѓу Анчелоти и претседателот Аурелио де Лаурентис остануваа не додирнати и ќе продолжат да се негуваат понатаму. – стои во соопштението од Наполи.

Прв кандидат за жешкото столче во Наполи се споменува Џенаро Гатузо, а Анчелоти се поврзува со заминување во Премиер лигата. Екипи кои се заинтересирани за Анчелоти се Евертон и Арсенал.

OhridNews