Премиерлигашките екипи Ливерпул и Арсенал не поминаа баш најдобро на контролните натпревари кои ги одиграа денеска со Наполи односно Лион. „Азурите“ со 3-0 го преслушаа Ливерпул, додека „топчиите“ претрпеа минимален пораз 2-1 од Лион.
Наполи во првиот половина час од натпреварот два пати ја погодија мрежата на англичаните. Во 18-та минута Лоренцо Инсиње погоди за 1-0, а во 29-та стрелаше Аркадиус Милик. Во 52-та минута Амин Јонес реализираше за 3-0 и на крај тој резултат се покажа како конечен. Елиф Елмас не беше во комбинација за мечот со Ливерпул.
Екипата на Лион со головите на Муса Дембеле во второто полувреме со пресврт го совлада лондонски Арсенал. „Топчиите“ во првиот дел поведоа со голот на Пјер Обамејанг. Лион со победата над Арсенал го освоија трофејот од Емирати купот.
OhridNews