Изминатава недела имаше голем број на стории за иднината на Елиф Елмас, медиумите од Италија се убедени дека Наполи ја добива битката за талентираниот Македонец. Се верува дека е договорен трансфер вреден 16 милиони евра плус бонуси и наскоро треба да пристигне официјална потврда. И додека се чека абер од двата клуба, капитенот на Македонија, Горан Пандев даде коментар.
- Елмас за 16 милиони евра е живо џабе, доколку Наполи го купи, прави одлична зделка. Елиф е помеѓу најдобрите млади играчи во Европа. – вели Горан Пандев во разговор за Скај Спорт Италија.
Елмас не му кажал ништо конкретно на Пандев во разговорот, но популарниот „Гоче“ смета дека Наполи е идеален клуб за младиот репрезентативец.
- Разговарав со него, не кажа ништо конкретно, но ќе биде среќен ако заигра во Италија. Елмас е важно засилување бидејќи може да игра на сите позиции во средниот ред, има добро око за гол и добро се снаоѓа во улогата на треквартиста и играта зад надпаѓачите. Верувам дека Наполи е идеален клуб за него. – изјави Пандев.
OhridNews