Екипата на Наполи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас успешно ги отворија контролните натпревари во подготвителниот период, победувајќи го нисколигашот Баса Ауниа со високи 12-0.

Нашиот репрезентативец одигра добар натпревар и успеа да го отвори резултатот по само четири минути игра. Потоа, следуваше канонада на голот од нисколигашот, а во листата на стрелци се запишаа сите офанзивци кои заиграа на натпреварот.

„Азурите“ сезонава имаат нов тренер и се очекува Елмас да ужива повеќе доверба од Лусијано Спалети, отколку од Џенаро Гатузо кој не го уфрлуваше во игра многу често.

OhridNews