Полицијата во едно мало место, оддалечено стотина километри од Торонто, објавила дека била повикана во бар во центарот на местото поради пијан човек кој има потешкотии со подмирувањето на сметката. Откако нарачал сендвич од седум долари, на келнерката и оставил напојница од 99 илјади долари.
Со оглед на тоа што сметката ја подмирувал со кредитна картичка, истата веднаш била одбиена. Од полицијата објавиле дека за несреќа на келнерката, на крајот не добила никаква напојница. Човекот цела ноќ ја минал во затвор за отрезнување во локалната полициска станица, бидејќи против него било подигнато обвинение бидејќи бил под судска одлука која му забранувала да конзумира алкохол.