Прогласен е за првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“ нижи успеси од својата шеста година на меѓународни, државни и регионални натпревари. Државен првак е по математика, како и победник на меѓународен натпревар во Босна. Прво место и златен медал освои на Државниот натпревар за млади физичари и природници, како и прво место на Меѓународен натпревар по математика.
Во бројните успеси се вбројуваат и први и втори места на натпревари по германски јазик и биологија, како и повеќе од 120 дипломи, признанија, пофалници и сертификати. За досегашните искуства, натпревари и освоени награди и за плановите во иднина во „Напладне“ говори Лео Нелоски.
OhridNews